Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија на камион-бомба во Сомалија, загинаа најмалку 15 луѓе

(Видео) Експлозија на камион-бомба во Сомалија, загинаа најмалку 15 луѓе

Во бомбашки напад на контролен пункт во Сомалија загинаа најмалку 15 лица, а 40 се повредени, соопштија властите, пренесува „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа запалена кабина на камион и црн чад од местото на нападот во градот Беледвејн во централна Сомалија.

Никој веднаш не ја презеде одговорноста, дури ни Ал Шабаб, која често извршува напади и контролира делови од Сомалија.

Полицаецот Ахмед Аден рече дека меѓу загинатите има пет полицајци кои пукале во камионот во обид да го спречат да удри во блискиот контролен пункт.

Во експлозијата се уништени околните продавници, додека има информации дека исчезнати лица се под урнатините.

 

Можете да прочитате

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД

Повеќе од 770 училишта во Велика Британија добија лажни дојави за поставена бомба

Најмалку 300 училишта во Италија се евакуирани по закани со бомба, закана упатена и до Мелони