Албанскиот премиер Еди Рама со денови ги полни колумните на локалните и странските медиуми откако се појави видео на кое се гледа како ја бакнува во образот италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Гестот на албанскиот премиер на неодамна завршениот самит на европските лидери во Молдавија крена голема прашина.
Во видеото Рама ѝ приоѓа на Мелони одзади, по што тој ја фаќа за вратот и силно ја бакнува во образот.
Neměla bych náhodou pracovat pro bulvár?
Podařilo se mi zachytit, jak albánský premiér Edi Rama pomuckal italskou premiérku Giorgiu Meloni.#EPCMoldova pic.twitter.com/NuXbN8xU73
— Aneta Zachová (@AnetaZachova) June 1, 2023
„Успеав да го овековечам моментот кога албанскиот премиер Еди Рама ја „нападна“ италијанската премиерка Џорџија Мелони“, напиша на Твитер новинарката Анета Захова.
Опозицијата го коментираше потегот на Еди Рама и порача дека премиерот се однесувал како холивудска ѕвезда на црвен тепих.
„Рама ја бакна Мелони, но не ја зголеми пензијата. Ние не сме против двајцата премиери да бидат пријатели, но што има за народот. Што се политичарите? Холивудските ѕвезди треба да се однесуваат така. Не гласате за политичари затоа што се популарни, туку за работа. Главната грижа овде се кликовите. Властите се здружуваат и гледаат кој има најмногу кликови“, изјави поранешниот претседател на Демократската партија Љуљзим Баша.