Утрински Весник
Магазин

(Видео) Ед Ширан сакал Џеј Зи да напише стих за Shape of You, но раперот го одбил

(Видео) Ед Ширан сакал Џеј Зи да напише стих за Shape of You, но раперот го одбил
Dik 300x250 mk

Ед Ширан откри дека Џеј Зи одбил да соработува за неговиот голем хит Shape of You, кој освои „Греми“ во 2017 година.

dobivaj vesti na viber

Британската ѕвезда во интервју за магазинот „Ролинг стоун“ рече дека сакал славниот хип-хоп музичар да му напише рап стих, но Зи не ја прифатил понудата.

„Бевме во контакт. Му ја испратив песната, а тој рече: „Мислам дека на песнава не ѝ треба рап стих,“ раскажа Ширан и додаде: „Веројатно беше во право. Тој има многу, многу добро уво.“

Во интервјуто, Ширан го пофали раперот, објаснувајќи дека го одбил со многу почит.“

Во истото интервју, Британецот, кој е татко на две деца, рече дека сака да успори со турнеи за да поминува повеќе време со нив.

„Не сакам моите деца да ги школувам дома“, рече тој и додаде дека е изводливо, на пример, да одржи концерт во Франкфурт во сабота навечер и веднаш да се врати дома.

Ширан сними документарна серија за својот живот, во која раскажува за болеста на сопругата и смртта на својот најдобар пријател. Тој се расплака потсетувајќи се на болните моменти.

Можете да прочитате

Премногу витамини можат да убијат: Лекарите предупредуваат дека тие го оштетуваат срцето и црниот дроб

Со овој знак, нема втора шанса: Ако нешто се скрши еднаш – готово е засекогаш

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава