Утрински Весник
Свет

(Видео) Драма на Менхетен: Се урна паркинг гаража, има мртви и повредени

(Видео) Драма на Менхетен: Се урна паркинг гаража, има мртви и повредени

Гаража се урна во долниот дел на Менхетен, Њујорк. Едно лице загина, а пет се повредени. Локалните власти и медиумите соопштија дека можеби има и лица заробени под покривот на срушениот објект.

dobivaj vesti na viber

Вториот кат од гаражата се урна врз првиот, соопштија градските власти за вонредни состојби, според CBS News.

Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, бил известен за несреќниот случај, а неговиот портпарол објави на „Твитер“ дека тој се упатил на местото каде се стравува дека можеби има и повеќе загинати.

Американските медиуми јавуваат дека најмалку илјада луѓе се повредени.

Снимката од извештајот што ја објави Си-Би-Ес Њуз покажува дека во тек е спасувачка операција.

Во меѓувреме, пожарникарите беа повлечени од местото на настанот „поради загриженост за структурната стабилност на зградата“, се вели во соопштението на Њујоршката противпожарна служба.

Соседните згради се евакуирани поради можно дополнително уривање.

Можете да прочитате

Трамп со нова закана до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол

Путин: Откривме над 40 нови наоѓалишта на нафта во Русија

Напад со беспилотно летало врз нафтен комплекс во Кувајт, нападнато е и министерството