Деновиве фудбалот во Европа зборува за насилството на хрватските навивачи во Атина.
Во грчките медиуми се појави уште едно видео од Атина, а настанало во понеделникот вечерта кога се случи убиството врз грчки навивач.
На видеото што го објави дневниот весник „Стар“ јасно се гледа патот на повеќе од 100 убијци кон стадионот“, се вели во текстот што го објави грчки „елефтеростипос“.
07.08.2023, AEK Athens🇬🇷 vs BBB (Dinamo Zagreb🇭🇷), AEK run https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/GFU1DwWCj7
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023
Покрај тоа, порталот напиша „Ова е ударната бригада која сееше смрт“.
Најневеројатно во оваа приказна е што наводно биле следени од полицајци кои ги снимале. Се уште не е познато како успеале да побегнат од полициската придружба и зошто не била алармирана целата полиција за вооружената група луѓе.
Уапсените 104 навивачи ќе се гонат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла и за криминална организација.