Претседателот на Република Српска Милорад Додик во интервју за РТРС посочи дека со одлуката за резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на Обединетите нации ќе биде потпишан крајот на Босна и Херцеговина. За утре Додик најави дека од седницата на владата на РС во Сребреница на федералната страна ќе ѝ биде предложено мирно разделување, користејќи го своето право од Дејтонскиот договор. -Дали сето тоа ќе биде забрзано или во некое догледно време тоа е прашање на процесот. Ние бираме мирно разделување и тоа ќе и го предложиме на федералната страна, кажа Додик меѓу другото. Република Српска и Федерацијата БиХ се договорни страни на Дејтонскиот договор, а со тоа и на уставот на БиХ, потсети Додик и наведе дека станува збор за опсежна злонамерна интервенција од меѓународната заедница.