Утрински Весник
Македонија

(Видео) Диви свињи забележани како шетаат низ населбата Водно

Svinji 768x475 24.jpg

Снимка на која се гледаат три диви свињи како се движат низ населбата Водно предизвика бројни реакции кај граѓаните.

„Диви свињи шетаат во населба Водно, снимено денес околу 19:30 часот на улица ‘Питу Гули’, карши Тинекс“, напиша Гоце Бурзески, кој бил сведок на настанот и го објави видеото.

На снимката се забележува како дивите животни слободно се движат по улицата, во непосредна близина на станбени објекти и паркирани возила, што повторно го отвори прашањето за се почестата појава на диви животни во урбани средини и потенцијалните ризици по безбедноста на граѓаните.

Засега нема информации за пријавена материјална штета, повредени лица или интервенција од страна на надлежните служби.

Можете да прочитате

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори

ДУИ со Аркин Јахији за градоначалник на Брвеница

Дебата во вилата „Билјана” во Охрид: Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање