На социјалните мрежи кружи видео од девојче кое го загуби целото семејство во разорниот земјотрес во Сирија.
Информации за неа објави „News Core India“, во која се наведува дека вчера во текот на денот била извлечена од урнатините во Сирија – земјата која покрај Турција беше најтешко погодена од серија земјотреси.
This girl’s entire family was #killed in the #Syria #earthquake and she was left under the rubble, her face has become very painful.#Turkey #TurkeyEarthquake #Turqui#syriaearthquake #Syrie #PrayForTurkey #deprem #hataydepremi #Kahramanmarasafad#TurkeyQuake #Turquia #Hatay pic.twitter.com/qI7J1E1HdZ
— News Core India (@NewsCoreIndia) February 7, 2023
Според локалните медиуми, таа останала без семејство откако и починале родителите. Таа сега е во засолниште и нејзината судбина е неизвесна.
Последните податоци покажуваат дека над 5.000 лица загинале во Турција и Сирија по серијата силни земјотреси. Спасувачите сè уште работат на расчистување на урнатините и спасување на луѓето, но временските услови го отежнуваат процесот.
Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја. Според последните проценки, од вчера до денеска турската почва се тресела дури 450 пати, а дури 31 земјотрес биле посилни од пет степени според Рихтеровата скала.
Последните земјотреси се случија утрово – првиот беше со интензитет од 5,6 степени, а вториот што се случи околу 08:50 часот беше 5,7 степени според Рихтеровата скала.