Утрински Весник
Свет

(Видео) Детонации во Зубин Поток, се слушнаа и сирени

(Видео) Детонации во Зубин Поток, се слушнаа и сирени

Денеска, околу 12 часот, членовите на општинската изборна комисија во Зубин Поток, придружувани од косовската полиција, насилно влегле во зградата на општина Зубин Поток, што предизвикало бунт кај граѓаните, кои случајно се нашле таму, а биле пуштени сирени.

dobivaj vesti na viber

На „Инстаграм“ се појави видео од Зубин Поток, на кое се слушаат сирени како одекнуваат во општината:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zubin Potok INFO (@zubinpotokinfo)

Како што објави „Косово онлајн“, се слушнале две експлозии, а од општинската зграда по неколку минути излегле членови на општинската изборна комисија и припадници на косовската полиција.

Според информациите од местото на настанот, членови на општинската комисија со асистенција на полициски службеници насилно влегле во просториите на Општината, ги искршиле вратите и ги смениле бравите пред да ја напуштат зградата.

Денешната акција на полицијата и членовите на општинската изборна комисија е спроведена по налог на централната изборна комисија, која има намера да организира вонредни избори за претседателите на општините Зубин Поток, Северна Митровица, Лепосавиќ и Звечан на 18 декември во четирите северни општини.

На изборите во Зубин Поток се пријавија двајца албански и ниту еден српски кандидат.

Претседателите на четири општини на 5 ноември одлучија да ги напуштат сите косовски институции заедно со другите Срби на северот на Косово незадоволни од одлуките на владата во Приштина.

Во Зубин Поток е мирно по повлекувањето на полицијата.

Можете да прочитате

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

Стапуваат во сила дополнителните обврски од ДСА за „Порнхаб“, „Стрипчет“ и „ИксВидеос“ 

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност