Утрински Весник
Спорт
Img 7972

(ВИДЕО) Денвер со „метла“ за ЛА Лејкерс стигна до финалето, нов трипл – дабл за Јокиќ

(ВИДЕО) Денвер со „метла“ за ЛА Лејкерс стигна до финалето, нов трипл – дабл за Јокиќ
Img 7972

Денвер Нагетс на импресивен начин стигна до големото финале на НБА лигата, откако успеа да го победи ЛА Лејкерс и четврти пат по ред, овојпат на гостински терен со 111:113. Со тоа им приреди „метла“ на Леброн Џејмс и друштвото, славејќи во финалната серија од Западот со 4-0 во победи.

dobivaj vesti na viber

Почетокот и не навестуваше ваков епилог, со оглед дека ЛА Лејкерс на полувреме обезбедија предност од 73:58.

Сепак, Денвер одигра неверојатна трета четвртина која ја доби со 36:16, го презеде водството и стигна до историското финале во НБА лигата.

Никола Јокиќ повторно имаше партија за паметење. Тој стигна до осмиот трипл-дабл во плеј-офот и го предводеше Денвер до големиот успех. Српскиот центар постигна постигна 30 поени, а имаше и 14 асистенции и 13 скокови.

Леброн Џејмс беше најефикасен на натпреварот со 40 поени, а му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл ефект.

 

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион