Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

(Видео) Челси ремизираше со Ливерпул

(Видео) Челси ремизираше со Ливерпул
Img 7972

Без победник заврши првото дерби во новата сезона, во Премиер лигата. На „Стенфорд Бриџ“, во Лондон, Челси и Ливерпул одиграа 1:1.

dobivaj vesti na viber

Дербито во кое Маурисио Пелегрино и Јирген Клоп ги презентираа новите засилувања, донесе атомски фудбал во првиот дел и резервирана игра од двете страни во второто полувреме.

Ливерпул подобро влезе во натпреварот и таквата игра ја круниса со гол. Во 18.минута одличната тимска акција и брилијантната асистенција на Салах во гол ја претвори Луис Дијаз.

Неколку минути по водечкиот гол, екипата на Клоп постигна уште еден, стрелец беше Салах. Во тој момент се активираше ВАР и го поништи голот поради офсајд.

„Сините“, од тој момент дојдоа до здив, започнаа да ја плетат мрежата околу голот на Алисон. Израмни дебитантот Дисаси во 37.минута.

Члеси откако израмни постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.



Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај