Утрински Весник
Магазин

(ВИДЕО) Бред Пит и Пенелопе Круз снимија кампања за Шанел

Bred.webp.webp

Бред Пит и Пенелопе Круз снимија краток црно-бел филм во кој се појавуваат како вљубен пар и рекреираа сцени од филмот Маж и жена. Ова видео му оддава почит на француското одморалиште Довил, местото каде што Коко Шанел ја отвори првата продавница на брендот.

„Снимањето за Шанел траеше два дена и одлично се забавувавме. Беше одлично“, изјави Пенелопе за Вог. Ревијата на Шанел на модната недела во Париз беше отворена со видеото.

Овој краток филм воодушеви многумина. Луѓето во коментарите напишаа дека Пенелопе и Бред треба да снимат филм заедно.

„Ова е одлично, како да гледате филм. Треба да го направат заедно“, „Премногу добро, и двајцата изгледаат одлично“, „Навистина треба да снимат филм заедно“, се дел од коментарите.

Можете да прочитате

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Кои хороскопски знаци најтешко поднесуваат неправда?

Кога е најдобро да се јаде темно чоколадо за подобра апсорпција на антиоксиданси