Утрински Весник
Спорт

(ВИДЕО) Бостон вторпат го доби Мајами и се надева на пресврт каков што досега се нема случено во НБА

(ВИДЕО) Бостон вторпат го доби Мајами и се надева на пресврт каков што досега се нема случено во НБА
Dik 300x250 mk

Тимот на Бостон Селтикс ја забележа и втората победа во финалето на Источната конференција, откако со 110:97 славеше над Мајами. Со тоа намали на 3-2 во серијата за пласман во големото финале и сѐ уште се надева дека може да направи пресврт каков што не направил никој во историјата на НБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Бостон имаше неколку расположени кошаркари и тоа беше клучно, Вајт постигна 24 поени, а Смарт запиша 23, додека Тејтум и Браун уфрлија по 21 поен.



Кај „жешките“ од Мајами, најефикасен беше Робинсон со 18 поени, а потфрли нивниот најдобар кошаркар, Џими Батлер, кој постигна 14 поени.

Бостон фуриозно го отвори натпреварот, поведе со 20:5 и Мајами не успеа да се врати во игра до крајот.

Шестиот натпревар од финалната серија на Истокот ќе се одигра в недела навечер, а Бостон ќе се обиде да стигне до израмнување.

Прв финалист во НБА лигата е тимот на Денвер Нагетс кој со 4-0 ја доби серијата против ЛА Лејкерс.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026