Утрински Весник
Свет

(Видео) Борбен авион се урна во Шпанија, пилотот се спаси во последен миг

(Видео) Борбен авион се урна во Шпанија, пилотот се спаси во последен миг

Борбен авион Ф-18 се урна за време на аеромитинг во воздухопловната база во Сарагоса, Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Пилотот на ловецот Ф-18 успеал да се катапултира пред авионот да се урне со силна експлозија.

Со повреда на ногата е префрлен во болница во Сарагоса и не му е загрозен животот.

Авионот се урна на територијата на воздухопловната база во Сарагоса и не му наштети на цивилното население, соопштија воени претставници.

Засега не се познати причините за уривањето на леталото.

Можете да прочитате

Трамп до членките на НАТО: Ќе воведам големи санкции кон Русија, кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

Апокалиптични сцени во Пакистан: Најмалку 97 жртви во поплавите 

Инсталација на гас експлодира во кафуле во Мадрид, над 25 лица повредени