Големото дерби на северен Лондон, повторно донесе искри, голови и неизвесност, за на крајот Арсенал и Тотенхем да се задоволат со 2:2 реми. Челси на Маурисио Почетино пак, никако да излезе од кризата по 0:1 поразот од Астон вила, додека Ливерпул и Брајтон продолжија со своите победи во шестото коло на Премиерлигата.
Арсенал дојдоа во водство во 22. минута со автоголот на Кристијан Ромеро, но гостите бргу се вратија во игра, откако Сон Хеунг-Мин израмни во 42. минута. Во второто полувреме, „топчиите“ пак беа во предност со голот на Букајо Сака во 54. минута од пенал, за експресно во 55. минута Сон пак да израмни.
На „Стемфорд Бриџ“ пак, имаше само очај за домашните навивачи. Мало Густо во 58. минута доби директен црвен картон, а Астон вила го искористи тоа и дојде до водство преку Оли Воткинс во 73. минута од мечот. По пет кола, тимот на Маурисио Почетино е на 14. место на табелата со само една победа.
На „Енфилд“, Ливерпул поведе преку голот од пенал на Мохамед Салах во 16. минута, но Вест хем израмнија преку Џеред Боуен во 42. минута од мечот. Уругваецот Дарвин Нуњез ја продолжи добрата форма со победничкиот гол во 60. минута од мечот, за Диого Жота во 85. минута да ги потврди трите поени.
ПРЕМИЕРЛИГА, 6.КОЛО
Челси – Астон вила 0:1
Арсенал – Тотенхем 2:2
Ливерпул – Вест хем 3:1
Брајтон – Борнмут 3:1