Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пристигна во историска посета на САД.
Ова е прво патување на Зеленски во странство за 300 дена од почетокот на руската инвазија на Украина.
President Biden and first lady Jill Biden welcome Ukrainian President Volodymyr Zelensky (@ZelenskyyUa) to the White House on his first foreign trip since the Russian invasion. pic.twitter.com/OhKxek3oQM
— CSPAN (@cspan) December 21, 2022
Американскиот претседател, Џо Бајден и неговата сопруга Џил го пречекаа Зеленски пред Белата куќа, се ракуваа со него и се фотографираа, а потоа влегоа на средба во Овалната соба.
Предвидено е средбата да трае околу два часа, по што двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција.