Утрински Весник
Македонија

(Видео) Автобус се запали на автопатот Велес – Скопје

Photo collage.png 96 .jpg

Автобус со прилепски регистарски таблички се запалил попладнево во близина на наплатната станица Отовица на автопатот Велес – Скопје.

Благодарение на брзата реакција, сите патници навреме го напуштиле возилото и нема повредени.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, веднаш по пријавата на терен биле испратени екипи на Територијалната противпожарна единица, како и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес.

Пожарот избувнал додека автобусот се движел по автопатот, а причините за инцидентот засега не се познати. Надлежните служби работат на целосно локализирање на пожарот и расчистување на местото.

Поради интервенцијата и безбедносните мерки, сообраќајот на овој патен правец е привремено во прекин.

Можете да прочитате

Институциите со заедничка декларација: Засилен одговор против насилството кај младите

Божиновска на IFC Day: Енергетската транзиција е можност за економски раст и нови инвестиции

Јаневска: Државната матура спроведена во најдобар ред, значително намалено препишувањето