Аталната во новата сезона стартуваше со победа. Во Реџо Емилија, Аталанта го победи победи Сасуоло со 2:0.
По не претерано интересното прво полувреме, продолжението од натпреварот донесе повеќе возбудувања.
Прво стативата на Лориенте, потоа шансата на Де Кетеларе на другата страна, а „божицата“ поведе во 84. минута токму со голот на неодамнешниот фудбалер на Милан.
Интересно, Де Кетеларе, за кого Милан плати 30.000.000 евра, минатата сезона за клубот од Милано на 32 натпревари не постигна ниту еден гол, а погоди во дебито за Аталанта.
Конечниот резултат го постави Надир Зортеа во третата минута од судиското надополнување по фантастичен удар од околу 20 метри.