Утрински Весник
Свет

(Видео) Аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер нападната со пиштол, напаѓачот не пукал, но е уапсен

(Видео) Аргентинската потпретседателка Кристина Киршнер нападната со пиштол, напаѓачот не пукал, но е уапсен

Потпретседателката на Аргентина, Кристина Киршнер, вчера беше нападната со пиштол, но напаѓачот не пукал во неа и набрзо е уапсен. Неколку телевизиски канали прикажаа снимка од напаѓачот како нишани по главата на Кирхнер додека таа излегуваше од автомобилот што ја донесе дома. Напаѓачот не испука од пиштолот, а Киршнер остана неповредена.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случи на влезот од нејзината куќа во Буенос Аирес, каде во последните денови се собираат стотици демонстранти за да и дадат поддршка на поранешната претседателка, која сега е среде судење за корупцијa.

Мажот беше во толпата луѓе кои чекаа да ја поздрават и од неа да побараат автограм за нејзината автобиографска книга.

Набргу по нападот, портпаролот на полицијата соопшти дека во близина на резиденцијата е уапсен вооружен маж, а „на неколку метри од местото на настанот е пронајдено оружје“. Тој исто така рече дека мажот би можел да има бразилско потекло.

Стотици активисти од минатата недела се собираат пред куќата на Кристина Киршнер (69), која е обвинета за измама и корупција во врска со доделувањето јавни договори во нејзиното упориште Санта Круз (на југот на земјката), за време на нејзините два претседателски мандати (2007 -2015 година).

Можете да прочитате

Бројот на жртви во поплавите во Непал се искачи на 475

Украина изврши напад врз складиште за потрошено нуклеарно гориво

Иран во писмо до ОН ги нарече американските санкции „економски тероризам“