Утрински Весник
Македонија

(Видео) Aлтернатива: Ако некој верува дека Албанците ќе ја пејат „Денес над Македонија се раѓа“ има проблем со перцепцијата

(Видео) Aлтернатива: Ако некој верува дека Албанците ќе ја пејат „Денес над Македонија се раѓа“ има проблем со перцепцијата

Орхан Муртезани од албанската партија „Алтернатива“ порача дека ако има некој Македонец кој верува дека Албанците некогаш некаде ќе ја отпеат „Денес над Македонија се раѓа“, тој има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.

dobivaj vesti na viber

„Додека оваа држава не ја разбира мултиетничката реалност – туку инсистира на моноетнички македонски државни симболи, тоа никогаш нема да се случи“, рече Муртезани.

Додаде дека што се однесува до загриженоста на претседателот Пендаровски, мора да истакнат дека тој со оваа реакција, напаѓајќи го Албин Курти, се чини дека ù се додворува на ДУИ за да го поддржи и за една кандидатура.

Од „Алтернатива“ го нарекоа Пендаровски „албанофоб“ оти побара одговорност по посетата ка Курти за организацијата.

„Пендаровски сака да им покаже на Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека им е лојален кон „нив“ и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ дека е подготвен да го повторува својот рефрен секогаш кога тој ќе искаже антиалбански пораки. Како и да е, за здравјето на оваа држава и нејзиниот претседател е добро повеќе да не гледаат српски соништа, бидејќи тоа сериозно му штети на удобноста и мирот на Балканот“, рече Муртезани.

Посетата на косовскиот премиер ја одбележаа повеќе контроверзии, на што реагираше државниот политички врв. За време на настанот на кој улицата „Прва македонска ударна бригада“ беше преименувана во „Адем Демачи“ присутен беше Курти,а  беа прекршени закони и протоколи за пречек на странски гости, не беше интонирана македонската химна, а наместо македонско знаме, се вееја само албански.

За ова, реакција имаше од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски и Кабинетот на претседателот Пендаровски кои побараа одговорност.

Неколку часа подоцна, во Тетово за време на посетата на Курти се вееше и знаме со т.н. „голема Албанија“, а МВР трага по лицето.

Градоначалникот Биљал Касами, кој е и организатор на настанот, потоа објави и спот со веењето на знамето, каде на Курти му посакува добредојде со песна која почнува со „Добредојде во Албанија“.

На пречекот на Курти, имаше и претставници од „Алтернатива“.

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини