Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски денеска најави дека како иден претседател ќе се залага за воведување мерка за финансиска помош на пензионерите со ниски пензии.
„17% од пензионерите примаат пензија помала од 13 илјади денари, а дури 47% земаат пензија помала од 16 илјади денари. Тоа значи дека скоро половина од пензионерите се под еден ну7ен минимум за нормално функционирање, на еден пензионер, односно на едно пензионерско семејство. Ние во пензискиот систем не смееме да чепкаме и треба да го чуваме како очите во главата, затоа што ако направиме дупки во Фондот и за 20 нема да може да исплатиме пензии, но затоа, на пензионерите може да им се помогне преку мерките на социјалната политика. Тоа значи дека ниту еден пенизонер, ниту едно пензионерско семејство не смее да има помалку од 25 000 денари, односно ако едно пензионерско семејство има пензија од 18.000 тогаш разликата до 25.000 ќе ја добиваат преку социјалната мерка. Со овие мерки планираме значително да им помогнеме на пензионерите“ порача Јакимовски.