Утрински Весник
Македонија

(Видео) Адвокатот на Османи: Нема клевета, ниту намера за омаловажување, само изразување јавно мислење

(Видео) Адвокатот на Османи: Нема клевета, ниту намера за омаловажување, само изразување јавно мислење

Адвокатот Љупчо Илиев, кој го брани министерот за надворешни работи Бујар Османи во судскиот спор со Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), посочи дека тој го критикувал здружението, но не го клеветел. Според Илиев, Османи има право на тоа иако е функционер што креира јавно мислење. Прашан дали Османи ќе се појави на следно судење за да сведочи: „Не можам да прејудицирам. Ние го предложивме, судот го прифати“.

dobivaj vesti na viber

„Од наша страна беа истакнати наводи, кои упатуваат на тоа дека од содржината на изјавите презентирани во тужбата, апсолутно не може да произлезе дека тужениот имал намера кого било да омаловажи, во случајот и најмалку – тужителите, од кои едното е физичко лице, а другото е здружение од Канада. Од наша страна беа истакнати соодветни наводи, особено укажувајќи дека изнесените наводи во тужбата и предложените докази од тужителите апсолутно не може да бидат во корелација и да се подведат под одредбите од Законот за граѓанската одговорност за навреда и клевета. Од страна на министерот, сега тужен, изразено е само јавно мислење. Тој изразува јавна критика на однесувањето на здружението“, вели Љупчо Илиев, адвокат на Бујар Османи.

„Тоа не значи дека и тие не може да изразат свое јавно мислење за дејствување и ангажман на другите граѓани, особено граѓани што вршат јавни функции или здруженија“, додаде адвокатот на Османи.

Од Македонското движење поднесоа тужба против Османи бидејќи тој лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Османи го посочи токму ова движење како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Рече дека се работи за фондација од Канада, која работи спротивно на интересите на државата и на интересите на македонските стратешки партнери.

На 27 јануари 2023 година претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, и организацијата (ММДЧП) поднесоа тужби за навреда и клевета пред Основниот граѓански суд Скопје и против медиумот „360 степени“.

„Османи и ‘360 степени’ се гласно критични против сите што ќе изразат несогласување со режимот и со американските антимакедонски политики и нивното кршење на човековите права и граѓанските слободи. Тужбите се за кршење на Законот за граѓанската одговорност за навреда и клевета“, велат од Македонското движење.

Можете да прочитате

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија