Утрински Весник
Македонија

(Видео) Адвокатот на напаѓачот: Не сакам да кажам дека и судот има некој притисок, од случајот „Пендиков“ се направи европски проблем

(Видео) Адвокатот на напаѓачот: Не сакам да кажам дека и судот има некој притисок, од случајот „Пендиков“ се направи европски проблем
300x250 (7)

Адвокатот Димитрија Цобoски кој го брани обвинетиот Илија Спасевски рече дека судницата ја напуштил оти на некој начин и судот има притисок, со оглед дека не беше дадено одлагање на рочиштето иако беше доставен нов доказ кој бараа да го проучат. Новиот доказ се однесува на вештачењето на повредите на Пендиков. Адвокатот претпоставува што е направено.

dobivaj vesti na viber

„Се јавува и проблем зошто толку брзо и на тој начин ја напушти болницата ‘Св. Еразмо’ која е позната болница и во фаза кога трбало да биде префрлен на хирургија во Скопје, наместо таму е однесен на аеродром и со владин авион на Бугарија е однесен во Бугарија“

300x250 (7)

Не велам дека ќе е политичка одлуката, за тоа сме ние тука бранителите, посочи адвокатот на обвинетиот. Тој додаде дека од доказите произлезе дека Илија Спасевски е виновен – ќе си одговара дека е виновен.

„Од еден случај ‘Пендиков’ се направи европски и меѓународен проблем. Истата вечер имало и друг настан каде бил претепан човек од повеќе извршители, бил повреден, никој не го спомена случајот ниту излезе на вести. Во самото обвинение стои дека обвинетиот Илија со Н.Н. (непознато) лице бил. Е, па, тоа Н.Н. лице кои повреди ги нанесе? Тоа ќе видиме“, рече адвокатот Димитрија Цобoски.

Судењето се одложи. Претходно, нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски беше доставен до судот, во случајот со натепување на Христијан Пендиков. Беше побарано одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, но судијата Бојан Мартиноски не дозволи. Поради ова, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.

Ss1

Можете да прочитате

Одѕивот на гласачите до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку излегле во Центар Жупа, а најмногу во Новаци

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за фер, слободни и демократски избори