Утрински Весник
Македонија

(Видео) А сега го покануваме Микоски од Северна Македонија – ова е најавата за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот на ЕПП

1709062539 hristi an mickoski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Серија на лажни вести осамнаа на портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ, дека на конгресот на Европската народна партија (ЕПП), опозицискиот лидер Христијан Мицкоски бил најавен дека доаѓа од Македонија, а не од Северна Македонија.

Со монитирано видео, порталите блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како „Плус инфо“ и „Пресинг ТВ“, „Експрес“ објавија вест дека за ЕПП не постои Северна. На монтираното видео е сечена и лепена официјалната најава за Мицкоски, па е избришано Северна.

Од официјалното видео на конгресот на ЕПП и од преносот во живо може да се види дека најавувачката го кажа целосното име на државата, Северна Македонија, но проблем имаше со презимето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој наместо Мицкоски беше претставен како Микоски.

Извор Рацин.мк

Можете да прочитате

Пијан возач удрил во полициско возило кај Дебар

Во Охридско Езеро поставена новогодишна подводна елка

Камион се превртел кај Желино