Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ја победи тешката болест, малата Ангела заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника

(Видео)  Ја победи тешката болест, малата Ангела  заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника

Здружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители „САНО“ објави видео од малата Ангела која се избори со тешката болест и заѕвони на ѕвончето на онколошкото одделение во Детската клиника.

dobivaj vesti na viber

Малата Ангела која ја напушти клиниката за детски болести беше поздравена со аплауз.

„Нека грми се од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома. Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести. Бравооо, те сакаме херојке наша“ , споделија на фејсбук од здружението „Сано“.

Децата кои успеваат да ги победат малигните болести се вистински херои на детската клиника, а завршувањето на лекувањето го одбележуваат со ѕвонење на ѕвончето и аплауз од персоналот.

Можете да прочитате

Македонска делегација го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Ивановска: 170 жртви во Македонија од трагедии се силен повик за будење – народот мора да ја подигне свеста

Притвор за струмичанец, при преглед пронајдена дрога