Утрински Весник
Свет

(Видео) Ајкула уби сурфер на 100 метри од плажата во Сиднеј

Screenshot 2025 09 06 164233.jpg
Dik 300x250 mk

57-годишен сурфер го загуби животот во СТРАШЕН напад од ајкула во Сиднеј, а целата трагедија се случила еден ден пред Денот на татковците, кој се слави во Австралија. Жртвата е идентификувана како Меркури Псилакис, сопруг и татко на малото девојче, пишува Скај њуз .

Итните служби беа повикани поради нападот на плажата Лонг Риф кратко по 10 часот наутро по локално време. И покрај брзата реакција, човекот беше извлечен на брегот со сериозни повреди и почина на местото на настанот. Нападот се случил на околу 100 метри од плажата.57-годишен сурфер го загуби животот во СТРАШЕН напад од ајкула во Сиднеј, а целата трагедија се случила еден ден пред Денот на татковците, кој се слави во Австралија. Жртвата е идентификувана како Меркури Псилакис, сопруг и татко на малото девојче, пишува Скај њуз .


Итните служби беа повикани поради нападот на плажата Лонг Риф кратко по 10 часот наутро по локално време. И покрај брзата реакција, човекот беше извлечен на брегот со сериозни повреди и почина на местото на настанот. Нападот се случил на околу 100 метри од плажата.

Сведокот го опишува нападот

Сведокот Марк Моргентал изјави за „Скај њуз Австралија“ дека слушнал застрашувачки крици неколку моменти пред нападот и ја видел ајкулата, една од најголемите што некогаш ги видел. „Имаше еден човек таму кој врескаше: „Не сакам да ме касне, не сакам да ме касне, не ме каснувајте“, и видов како перката на ајкулата излегува, и беше огромна“, рече Моргентал.

„Потоа ја видов опашната перка како се појавува и почнува да удира, а растојанието помеѓу грбната и опашната перка изгледаше како околу четири метри, така што всушност изгледаше како ајкула од шест метри“, додаде тој.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил