Утрински Весник
Свет

(Видео) 56 загинати, меѓу кои и деца во пожар во зграда во Виетнам

(Видео) 56 загинати, меѓу кои и деца во пожар во зграда во Виетнам

Во пожарот што избувна во станбена зграда во виетнамскиот главен град Ханој загинаа 56 лица, меѓу кои и деца, а 37 се повредени, соопшти полицијата. Пожарот избувнал во текот на ноќта во деветкатницата, во која живеат околу 150 луѓе, објави Виетнамската новинска агенција, додавајќи дека пожарот бил локализиран до 2 часот по полноќ.

dobivaj vesti na viber

Телевизиските снимки покажаа пожарникари опремени со црева и скали како се борат со пожарот во текот на ноќта и облак од густ, темен чад што излегува од зградата. Неколку жртви со повеќе повреди се примени во локалните болници откако скокнале од своите прозорци за да избегаат од пожарот, објавија државните медиуми, цитирајќи го Ву Хоанг Пуонг од медицинската универзитетска болница во Ханој.

Полицијата го приведе сопственикот на зградата, Нгием Куанг Мин, обвинувајќи го за кршење на прописите за заштита од пожари, се вели во соопштението на Министерството за јавна безбедност, додавајќи дека истрагата за случајот е во тек.

Премиерот Фам Мин Чин го посети местото на пожарот и повика на комплетирање на прописите за пожари во малите станбени згради и во густо населените станбени области, се вели во соопштението на владата.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена