Утрински Весник
Македонија

(Видео) „4 несреќи 97 загинати 0 осудени, разрешување“: граѓани побараа одговорност за пожарот во модуларната болница

(Видео) „4 несреќи 97 загинати 0 осудени, разрешување“: граѓани побараа одговорност за пожарот во модуларната болница

„Вистина над лагата“, „одговорност сега“, „правдата не е трговија“, 4 несреќи 97 загинати 0 осудени, разрешување“. Ова се барањата на денешниот протест пред Основниот суд Тетово.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните и роднини на загинатите изразија револт  и бараат одговорност за пожарот во модуларната болница во која животите ги загубија 14 луѓе при пожар на 8 септември 2021.

 

Протестот доаѓа по документарецот објавен од Истражувачката репортерска лабораторија насловен како „Убиство во Тетово“. Тие споделија откритија, документи и направија реконструкција според искази од сведоци.

Посочија дека објектите не се граделе според Законот за градење и немало соодветни материјали за заштита од пожари. Се осврнаа на германското вештачење кое беше изведено и во судница, каде токму несоодветната градба и лошата електрична инсталација се лоцирани како причина за пожарот.

Можете да прочитате

Битолчанец вработен во училиште во притвор по меѓународна акција за детска порнографија

Граѓаните од ранливите категории ќе можат полесно да аплицираат за инвертер клима уреди

Нов удар по џебот: Основните намирници повторно поскапуваат