Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со децата од Калининград, на кои им ја објасни воената операција во Украина.
Тој им објасни на учениците од основното училиште во Калининград дека официјална Москва сака да ја запре војната во Украина која започна во 2014 година кога имаше пуч на Мајдан. Рускиот претседател изјави дека се обидуваат да спречат појава на „антируска енклава“ на нивна територија.
Според „Раша тудеј“, отворениот час за ученици беше наречен „Важен разговор“.
„ Сите веруваат дека ова што се случува денес е некаква руска агресија. Никој не разбира дека мнозинството граѓани на Доњецк, Луганск и Крим не ја признаа промената на власта по Мајдан“, рече Путин.
Тој додаде дека тогаш украинските лидери започнале војна против сопствениот народ „која трае веќе осум години“.
https://www.youtube.com/watch?v=7Eo9i-GOTwM
„ Нашата цел, нашата мисија, мисијата на нашите војници е да се стави крај на војната, да се заштити народот, но и Русија“, рече Путин.
Тој се осврна и на образованието во украинските училишта, раскажувајќи им на учениците за ситуацијата на која сведочеше рускиот министер за образование Сергеј Кравцов за време на неговата посета на Доњецк и другите територии контролирани од руските сили.
Рускиот претседател призна „дека седел со отворена уста“, шокиран од она што го зборува Кравцов.
„ Украинските ученици не знаат дека има мост на Крим, мислеа дека е лажен“, рече Путин, алудирајќи на патот и железницата во Керч што беа изградени меѓу Русија и Крим.
По разговорот, Путин заедно со децата ја испеа химната на Русија.