Утрински Весник
Македонија

Видеата од пожарот во Пулс влегуваат обвинителското досие за трагедијата за Кочани

Pozar Kocani 3.jpg

Чад метеж и повици за излегување. Ова може да се забележи на најновото видео од кобната ноќ во кочанската дискотека Пулс кое се појави во јавноста. Од обвинителството велат дека сите снимки поврзани со трагедијата од Кочани ќе бидат дел од доказниот материјал.

И оние од камерите од околините објекти и оние објавени на социјалните мрежи ќе се анализираат низ истрагата за лоцирање на причините и одговорноста за пожарот во кој животот го загубија 59 мина а над 190 беа повредени. Истражните дејствија продолжуваат и денеска но конкретните чекори на обвинителите не се објавуваат.


Изминатите денови се вршеа претреси во домот на Дејан Јованов Деко, неговиот автомобил и два угостителски објекти, дискотеката „Пулс“ и кафе барот Класик како и во канцеларија на Државен пазарен инспекторат во Кочани поврзани со документација за неговите фирми.

Истрагата стартуваше со 24 осомничени во притвор. Но кочанскиот суд за тројца ја променил мерката во куќен притвор, екс градоначалниците на Кочани Ратко Димитровски и Николче Илијев и поранешната директорка на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска. За неа обвинителството не се жали затоа што одбраната изнела нови околности и причини, а за Димтровски и Илијев има жалби. Од штипска апелација за утре најави одлуката дали ќе останат во притвор.

Од Кочанскиот суд денеска објавија соопштение со кое информираат дека 22 притворени се жалеле за притворот а за 19 мерката е потврдена. Од кои причини одлучиле да го сменат притворот со поблага мерка за градоначалниците не добивме конкретен одговор затоа што решенијата не биле правосилни.

Можете да прочитате

Неколку села во Македонска Каменица ќе останат без струја, бил оштетен далеководот при сечење на дрва

Кешишев: Палчо ми беше мемориран во мобилниот како „Царот“

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција