Утрински Весник
Македонија

Вицепремиерот Меџити: Еднаквата застапеност во јавната администрација е наш приоритет 

Izet Mexhiti 585x366 1.jpg

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, во подкастот FOL на ТВ Феста, зборуваше за правичната и еднаква застапеност во јавната администрација. Тој изјави дека додека не се донесе законот за правична и еднаква застапеност, постои политички договор за соодветна застапеност на Албанците при вработувањата.

Како што истакна Меџити, слично како во здравството, доколку сега би постоел механизам за баланс, немаше да можеме да донесеме 50 отсто од одлуките.


„Второ, правичната застапеност важи за сите институции, и во текот на оваа година ќе има значителен број вработувања и унапредувања. Можам да кажам дека она што другите го направија во еден мандат, ние ќе го реализираме за една година. Процесот веќе започна во сите институции каде што застапеноста на Албанците била симболична,” изјави Меџити.

Во однос на законот, тој додаде дека се очекува последниот состанок за финализирање на формата на законот за соодветна застапеност, а најверојатно истиот ќе биде во рамки на Агенцијата за државна администрација, со зголемување на нејзините надлежности, така што ќе ги вклучува и Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.

„Секако, ќе биде побарано и мислење од Венецијанската комисија, а со тоа мислење, законот ќе влезе во собраниска процедура. Откако ќе биде изгласан, нема да има можност ниту Уставниот суд ниту други комисии да го поништат законот,” нагласи Меџити.

Можете да прочитате

(Видео/Фото) Големо албанско знаме се вее среде Водно

Народот е гладен, цените повторно се качуваат за да се намалат – Граѓаните за последната мерка на Владата (ВИДЕО)

Цената на лебот да се намали на 20 денари, бара Асоцијацијата на земјоделци и фармери