Утрински Весник
Македонија

Вицепремиерот Фетаи добил смртна закана

Img 6755.jpeg

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, објави дека добил смртна закана на својот службен е-маил. Според Фетаи, пораката имала застрашувачка содржина, со наслов „За тебе куршум во глава, шипо Фетаи,“ придружена со навредливи пораки во телото на е-поштата.

Фетаи посочува дека оваа закана пристигнала само еден ден по неговата изјава за укинување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик, што се однесува на намерата да се дефинира албанскиот јазик директно во Уставот. Според него, ваквите закани имаат цел да го заплашат, но тој цврсто стои на ставот дека албанскиот јазик претставува средство за разбирање и соработка, а не за поделби.

Вицепремиерот истакна дека веднаш го информирал министерот за внатрешни работи, Панчо Тосковски, за заканата и побарал преземање на дополнителни мерки за својата безбедност. Тој најави и дека ќе поднесе тужба, бидејќи смета дека на заканите и екстремистичките ставови мора да им се одговори соодветно – со правни последици.

„Не можам да останам рамнодушен на оваа закана. Лично го известив министерот за внатрешни работи и барам зголемување на мерките за мое лично обезбедување. Екстремистите мора да се соочат со правдата и да бидат казнети“, објави Фетаи на социјалните мрежи.

Вицепремиерот, исто така, се обрати на оние што го „гледаат светот со племенски начин на размислување,“ нагласувајќи дека нема сила што ќе ги спречи коалициските функционери во остварувањето на нивните цели за правичност и интеграција на сите јазици и култури.

„Албанскиот јазик е богатство, не загрозува никого и служи за разбирање и соработка. Никогаш нема да дозволиме нашиот јазик да биде изговор за овие злосторници да ја попречуваат нашата работа,“ додаде Фетаи.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер