Утрински Весник
Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка со сеопфатни пакет-мерки за стабилизирање на инфлацијата

Vg ana.jpg

„Народната банка спроведува сеопфатен и комплементарен сет на мерки насочени кон одржување на ценовната стабилност и стабилноста на девизниот курс”, истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во поткастот „Финсајт” со Наташа Мерсовска на порталот „Банкарство.мк”.

Таа нагласи дека монетарната политика и натаму се води претпазливо, при што главните инструменти ќе придонесат за постепено стабилизирање на инфлацијата.


„Монетарната политика и натаму е во зоната на претпазливост. Каматната стапка е на непроменето ниво, а истовремено се применуваат и дополнителни мерки – заострување на задолжителната резерва, повлекување ликвидност од банкарскиот систем, зголемени капитални барања за банките и построги кредитни стандарди. Овој пристап овозможува координирано делување врз инфлациските притисоци и кредитната активност”, посочи Митреска.

Во однос на инфлацијата, таа истакна дека централната банка внимателно ги следи движењата на цените и очекувањата на пазарите.

„Согласно тековните пазарни очекувања, по растот на цените на енергентите и храната во првата половина од годината, се очекува нивно постепено стабилизирање во втората половина, што би придонесло за намалувањето на притисоците врз цените”, нагласи Митреска.

Таа додаде дека Народната банка е подготвена за дополнителни интервенции доколку се зголемат ризиците.

„Доколку се појават знаци на подолготрајни инфлациски притисоци, Народната банка е подготвена да реагира со дополнително затегнување на монетарната политика, користејќи ги каматните стапки и другите расположливи инструменти”, истакна Митреска.

Можете да прочитате

Народната банка, заедно со надлежните институции во соработка со ЕИБ, започнува изработка на Зелената национална таксономија

Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст