Утрински Весник
Магазин

Ѕвездите на „Црниот пантер 2“ блеснаа на европската премиера во Лондон

Ѕвездите на „Црниот пантер 2“ блеснаа на европската премиера во Лондон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Актерската екипа на Black Panther: Wakanda Forever („Црниот пантер: Ваканда засекогаш“) присуствуваше на европската премиера на филмот на плоштадот „Лестер“ во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездите меѓу кои Михаела Коел, Данаи Гурира и Лупита Нионго се прошетаа на црвениот тепих за долго очекуваното продолжение на филмот за суперхерои.

„Црниот пантер“ од 2018 година е еден од најпрофитабилните филмови на сите времиња.

Продукцијата на студиото „Марвел“ заработи повеќе од 1 милијарда фунти на благајните, пренесува британски Би-би-си.

Тоа беше првиот филм за суперхерои кој доби номинација за „Оскар“ за најдобар филм. Вкупно имаше седум номинации, а освои три – за оригинална музика, костимографија и сценографија.

Можете да прочитате

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Заштита на домашните миленици од петарди и огномет

Која рака боли непосредно пред срцев удар: Симптоми кои не смеете да ги игнорирате!