Утрински Весник
Магазин

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Pancho dnk 750x430 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владимир Блажев – Панчо засекогаш ќе остане запаметен по неговите музички хитови, хумани дела, но и по својот придонес за хипхоп-културата во Македонија и регионот.

Имено, тој беше основач на Sure Shotz, екипа која веќе две децении активно ја негува и промовира хипхоп-музиката.


Тие се огласија на социјалните мрежи изразувајќи ја својата благодарност за се’ што има направено за музичката сцена.

„Со длабока тага ве известуваме дека утрово не напушти Панчо, нашиот ментор, другар и постар брат.

Како екипа сме му бескрајно благодарни за се’ што има направено за нас и за сцената, и ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана.

Почивај во мир Стари!“, напишаа од Sure Shotz на нивниот официјален инстаграм-профил.

Можете да прочитате

Витаминот Ц како можна заштита од штетните ПМ честички

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Зимска магија, улична храна и врвна музика на WINTERFESTIVAL пред СЦ „Борис Трајковски“