Утрински Весник
Македонија

Ветувале лажни визи за Германија и барале пари, уапсени тетовка и гостиварка

При обид за кражба приведена 24-годишна кумановка

Вчера околу 14.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар од слобода ги лишиле 41-годишната тетовка А.А. и 26-годишната Ф.Б. од гостиварско Србиново.

dobivaj vesti na viber

Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б, се сомничи дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над 5 измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок.

Двете се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што на А.А. ќе ѝ биде изготвен поднесок по член 247 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница