Утрински Весник
Свет

Ветер сруши кран врз трговски центар во Норвешка, има повредени

Ветер сруши кран врз трговски центар во Норвешка, има повредени

Најмалку едно лице е повредено, а едно се води како исчезнато откако градежен кран се урна врз трговски центар во Норвешка поради силниот ветер.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на полицијата Ебе Кимо за весникот VG изјави дека кранот, висок најмалку 50 метри, се урнал поради ветерот во трговски центар во Мелхус, јужно од Трондхајм, третиот по големина град во Норвешка.

Уривањето на кранот предизвикало оштетување на вториот кат од трговскиот центар, а пожарникарите го проверуваат објектот по останати луѓе, соопшти полицијата на Твитер.

Портпаролот на полицијата, Питер Холинген, изјави за новинарите дека полицијата користи кучиња и дрон во потрагата.

Кранот се наоѓал на градилиште во трговскиот центар, каде се работело на проширување на објектот.

Проширениот трговски центар треба да се отвори во две фази оваа година, се наведува на веб-страницата на објектот.

Според Норвешкиот метеоролошки институт, денеска над Норвешка е забележан силен ветер.

Можете да прочитате

„Еколошка катастрофа, Чернобил, помор и поплави“ – последиците од рушењето на браната во Украина би можеле да бидат огромни

(Видео) Еди Рама ја зграпчи и ја бакна италијанската премиерка, опозицијата вели дека се однесувал како холивудска ѕвезда

Силен земјотрес ја погоди Романија, бил почувствуван и во Белград