Утрински Весник
Спорт

Веспрем го доби ПСЖ во првото големо дерби во ЛШ

Веспрем го доби ПСЖ во првото големо дерби во ЛШ

Веспрем со фантастично второ полувреме стигна до 36:34 (17:17) победа над Пари Сен-Жермен во првото големо дерби во ракометната Лига на шампиони, покажувајќи дека уште една сезона ќе се фаворити за Фајнал фор и за титулата.

dobivaj vesti na viber

По израмнетото прво полувреме, Веспрем тргнааа силно во второто и со серија дојдоа до четири гола предност (26:22) по десет минути игра, за потоа да останат во предност до крајот на мечот. Расмус Лауге Шмит беше фантастичен со 11 гола за унгарскиот тим, а Јахја Омар додаде осум, додека за францускиот клуб, Камил Сипжак заврши со 6 гола.

Во друге два меча,  Алборг со 36:32 го совлада Целе, додека Магдебург враќањето во европската елита го прослави со гостинка 30:28 победа над Динамо Букурешт.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО
ГРУПА А
Веспрем – Пари Сен-Жермен 36:34 (17:17)
Динамо Букурешт – Магдебург 28:30 (16:16)
Висла Плоцк – Порто 20.45 ч.
ГРУПА Б
Алборг – Пивоварна Целје 36:32 (20:17)

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари