Утрински Весник
Македонија

Верувања и обичаи поврзани со светиот пророк Илија: Што треба да правите, а што не на овој голем празник

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Свети Илија се празнува на 20 јули според јулијанскиот, а на 2 август според грегоријанскиот календар.

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот на пророкот Свети Илија. Популарно познат како свети Илија Громовник, се слави како празник на крсната слава, но не се вари жито бидејќи се верува дека овој светител е жив и денес.

Свети Илија (Громовникот) е еден од култните свеци кај православните Македонци, бидејќи православната црква го има поистоветено со Перун Громовникот, од словенската митологија, кога вршела покрстување на Словените. Култот кон Перун бил широко развиен кај македонските Словени, па така тие го замениле своето омилено божество со христијанскиот светец. Овој култ кон Перун/Илија, и денес е присутен кај Македонците.

Празникот Свети Илија го најавува крајот на летото.

На денешен ден, според преданието, предпладне е лето, а попладне есен. По празникот, не би требало да се капе во реките.

Обичај е да се јаде мед на празникот Свети Илија за да бидеме здрави во текот на целата година, а порано постоело и симпатично верување дека на овој празник на децата треба да им ги намачкаат образите со мед за да бидат здрави и весели. Исто така, се верува дека медот што пчеларите го вадат од кошницата на Илиндан е особено лековит. Исто така, многу деца се именувани по овој светец како симбол на силата и храброста.

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален