Утрински Весник
Спорт

Верстапен славеше и на трката за Големата награда на Кина

Vertapen.jpg

Макс Верстапен доминираше на трката за Големата награда на Кина.

Ова беше 58. победа во кариерата за Холанѓанецот, четврта во пет трки сезонава, а прва на патеката „Шангај“.

Трката беше интересна, но ништо не можеше да го спречи возачот на Ред Бул на патот до нова победа.

Ландо Норис (Мекларен) заврши на второто место, со 13 секунди заостанување зад победникот. Ова е втор пат за Норис оваа сезона да се искачи на подиумот. Тој беше трет на трката за ГН на Австралија.

Трет беше вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој заостана четири секунди зад Норис.

Четвртото и петтото место ги зазедоа возачите на Ферари – Шарл Леклер и Карлос Саинц.

Шестото место го освои Џорџ Расел (Мерцедес).

Фернандо Алонсо во Астон Мартин заврши седми, со најбрз круг на трката.

Вториот возач на Мекларен Оскар Пјастре беше осми.

Луис Хамилтон (Мерцедес) заврши како деветти, по катастрофалните квалификации во саботата.

Последниот бод го освои Нико Хулкенберг (Хаас).

Во генералниот поредок сега води Верстапен со 110 бодови, а по него е Перез со 85.

Следната трка е во Мајами за две недели.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари