Утрински Весник
Спорт

Верати пристигна во Доха, наскоро ќе потпише со Ал Араби

Верати пристигна во Доха, наскоро ќе потпише со Ал Араби

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Марко Верати пристигна во Доха, каде што ќе треба да ги помине лекарските прегледи пред да потпише договор со клубот Ал Араби.

dobivaj vesti na viber

Верати го загуби местото во тимот од Париз и оваа сезона не беше пријавен за Лигата на шампионите, па реши да го напушти „Паркот на принцовите“.

Според медиумите во Доха, 30. годишниот италијански фудбалер пристигнал во Саудиска Арабија во понеделникот вечерта.

„Многу сум среќен и едвај чекам да започне сезоната. Се надевам дека ќе имаме одлична сезона… Едвај чекам да откријам се, за стадионот, навивачите, моите соиграчи, тренерот, “, изјави Верати.

Деталите од договорот не се познати, а медиумите во Доха објавија дека трансферот би можел да чини 45 милиони евра.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара