Утрински Весник
Македонија

Венко Филипче: Пендаровски доминира во јавноста, кампањата на Силјановска ја води Мицкоски

5cc3ab0e 4023 416c Bb4a 5ef125ee8fa7.jpg

Во рамки на неговите активности, денеска Доктор Венко Филипче, ја посети Струмица и се сретна со жителите на многу населени места.

Филипче истакна дека Пендарвоски е човек кој не ги дели граѓаните, кој бил многу пати во својот мандат во Струмица и директно се сретнувал со граѓаните и тие то го препознаваат.

„Како што одминува кампањата, поддршката за Стево Пендаровски очигледно расте. Тој доминира во јавноста додека неговата против кандидатка речиси никаде да ја нема. Загрижувачки е што нејзината кампања речиси целосно ја води ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека доколку таа биде избрана за претседател ќе биде целосно под контрола на Мицкоски. Ова воопшто не е здраво за демократијата во земјата и значи ништење на финкцијата претседател. Вакво искуство имавме со претходните претседатели поддржани од ВМРО-ДПМНЕ и тоа сите знаат дека не е добро за државатa“ – истакна Филипче.

Можете да прочитате

Трендафилов: Ако се срамат од сиромаштијата на својот народ, треба да зголемуваат плати

Епископот Никола е нов австралиско-новозеландски митрополит

Пратеничката група на СДСМ на состанок: Порачаа Владата да ги прифати законските решенија за намалување на цените