Утрински Весник
Македонија

Велосипедист заврши со тешки повреди по судар со автомобил во струшко

Policija.jpeg

На 25.11.2025 во 13:15 часот, на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф” со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(57) од селото Горно Татеши, струшко и велосипед управуван од Р.Ш.(65) од селото Враништа, струшко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо” во Охрид.

На местото, извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Можете да прочитате

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

Министерството за култура и туризам со реакција на соопштението на СКРМ

Николова: Оптимизацијата на Јаневска значи отпуштања наставници и гасење на руралните средини