Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Вело-бус и маалско дружење за Европската недела на мобилност

20240915151149 Big 730x400 82.webp.webp
Dik 300x250 mk

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје организира маалско дружење и Вело-бус во општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром по повод Европската недела на мобилност.

Оваа година, од 16 до 20 септември Гоу Грин организира два настана во општините Кисела Вода, Гази Баба, Центар и Аеродром.

Едниот настан е Вело-бус преку кој со деца и родители на велосипеди, тротинети и ролери заеднички ќе се движат кон училишта и градинки.

„Вело-бусот ќе тргне во 30 минути пред првиот школски час од првата постојка и ќе помине низ населбите, застанувајќи на неколку вело-постојки од кои ќе ги земе децата и нивните родители, кои заедно ќе се повозат низ населбите до своите училишта и градинки. Ова е одличен начин да го намалиме метежот од возила, загадувањето и да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од Гоу Грин.

Вториот настан е маалско дружење во населбите кога меѓу 8 и 12 часот, по завршувањето на вело-бусот, ќе бидат организирани маалски игри и активности на различни јавни простори низ општините.

„Ова е настан за сите генерации, каде ќе се играат традиционални игри како школка, ластик, скокање јаже, и ќе се одржат уметнички активности и настапи на локални хорови. Целта е да се поттикне меѓугенерациска соработка и да се врати духот на заедницата во јавниот простор“, дополнуваат од Гоу Грин.

Европската недела на мобилност оваа година се фокусира на важноста на споделениот јавен простор. Во периодот од 16 до 22 септември, низ цела Европа се организираат активности кои ги поттикнуваат граѓаните да размислуваат за одржлива урбана мобилност и подобро користење на јавниот простор.

Можете да прочитате

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и една клика луѓе кои 20 години го ограбува

(Видео) „Реално“ со Марко и Дејан Митески: Аеродром може да остане зелена и мирна општина

Ацевски: Нудиме хумано живеење, Буџетот не смее да се полни со 30 нови висококатници во срцето на Ѓорче