Утрински Весник
Македонија

Велковски во посета на Домот за згрижување стари лица Сју Рајдер од Битола

2024 03 21 16.56.05.jpg
Ss2

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска ги посети Центарот за социјална работа Битола каде се разговараше за актуелните проблеми и системски пропусти при доделување на социјалната помош. Велковски го посети и Домот за згрижување на стари лица Сју Рајдер од Битола во кој во моментов престојуваат 150 лица за кои се грижат само 7 медицински лица.

„Алармантна е состојбата во сите градови низ Македонија исто како и во Битола. И покрај барањата на домот Сју Рајдер, во овој дом не дошол министер да ги посети 7 години. Центарот кубури со кадар, а луѓето се оставени да се грижат сами за себе бидејќи има само 7 медицински лица на 150 луѓе. Овие луѓе сместени овде се стари лица, пензионери кои никој не најде за сходно да ги слушне нивните барања, изјави Велковски.

Ss1

На средбата со директорите и вработените на центрите во Битола тема на разговор беа и утврдените системски аномалии и недостатоци коишто ги покажа системот за социјална заштита. Во постапка е инспекциски увид по што точно ќе се утврдат неправилностите, и да се спречат идни вакви појави.

„За жал некој не се грижел месеци и години наназад за тие системски неправилности и аномалии да бидат надминати. Таму каде што ќе има одговорност ќе си се утврди и тука треба сите да бидеме еднакви пред законот, но не е само одговорноста, туку системот да функционира и да нема повторно вакви појави во иднина”, дополни тој.

Министерот Велковски како што и претходно најави, до крајот на мандатот како технички министер ќе ги посети сите центри за социјална работа и ќе се сретне со пензионерите од сите градови во Македонија како најважен столб на нашето општество. Големиот број на пензионери од Битола коишто дојдоа на денешната средба со Велковски и барањата коишто тие ги повторуваат уште од август 2023 година, само ја потврдува алармантноста и потребата итно да се излезе во пресрет на нивните барања.

„Пензионерите го истакнуваат проблемот којшто за жал од август 2023 година само се провлекува, тие протестираат, излегоа во голем број и бараат да се исполнат нивните права, но жално е што никој не ги прими долг период. Ги знаеме нивните барања и сигурен сум дека ќе има решение за истите. Дури 220.000 пензионери се со под 20.000 денари пензија. Така да тоа е две третини од вкупниот број на пензионери во државата кои што за жал примаат под 20 илјади пензија. Алармантна е навистина состојбата и ќе излеземе во пресрет на нивните барања коишто ги доставуваат до нас”, порача Велковски

Ss1

Можете да прочитате

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај 

Петровска: Патриотизам не е да го избришеш името Македонија од Статутот на партијата

Сончево и релативно топло – 24info.mk