Утрински Весник
Свет

Велика Британија ќе им нуди пари на илегалните мигранти за доброволно да заминат во Руанда

Migranti 1.jpg

На илегалните мигранти на кои им е одбиен азил во Велика Британија ќе им бидат понудени илјадници фунти доброволно да се преселат во Руанда.

Станува збор за нова шема за доброволно заминување од земјата, која ги надополнува плановите на Лондон за депортирање на мигрантите кои илегално пристигнале во земјата, јави ДПА.

Шемата е дизајнирана за доброволно отстранување на мигрантите кои немаат законско право да останат во Велика Британија, но не можат да бидат вратени во нивната матична земја. Ќе ги таргетира луѓето кои немаат доволно основи да добијат статус на бегалци и кои можат брзо да се преселат во Руанда, која владата на Велика Британија ја смета за безбедна трета земја.

Шемата е дополнување на постојната шема за доброволно враќање на мигрантите што ја води Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, која на мигрантите им нуди финансиска помош од 3.000 фунти (3.800 американски долари) за да ја напуштат територијата на Велика Британија и да се вратат во нивната држава.

Можете да прочитате

Бела куќа: Хезболах го изврши нападот на Голанската висорамнина

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах