Утрински Весник
Свет

Велика Британија: Борис Џонсон „намерно го лажел“ британскиот парламент за журките и забавите

(Видео) Џонсон му заблагодари на Путин за инспиративното лидерство, па се поправи – сакал да каже Зеленски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Комитетот за привилегии на британскиот парламент го суспендираше поранешниот британски премиер Борис Џонсон и му забрани влез во таа институција во следните три месеци, јавува дописникот на РТС.

dobivaj vesti na viber

Задачата на четворица пратеници од Конзервативната партија, двајца лабуристи и еден либерал-демократ, беше да утврдат дали Џонсон навистина нема сознанија за журките и забавите во владините згради додека земјата беше заклучена поради пандемијата на коронавирус или дали го лажеше Парламентот.

Извештајот – долг околу педесетина страници, доцни два дена бидејќи Управниот одбор мораше повторно да се состане и да ја разгледа оставката на Џонсон, која ја поднесе веднаш откако документот му беше испратен на прелиминарен преглед, пренесува медиумот.

Според написите, очекуваниот заклучок на Комитетот е дека Џонсон свесно и со предумисла го лажел Парламентот.

За извештајот и казнените мерки на Комитетот за привилегии ќе расправа и ќе гласа Долниот дом на британскиот парламент. Тогаш препораките на Одборот ќе се претворат во обврзувачки одлуки.

Во својата оставка, самиот Џонсон го окарактеризира Комитетот како „пристрасен“, а Извештајот како „политички лов на вештерки“.

Можете да прочитате

Шведската царина врши контрола на руски брод под санкции

Зеленски бара уште една средба со европските сојузници

Жители на украински села биле киднапирани и присилно однесени во Русија