Утрински Весник
Македонија

Величковски: ладата ја нуди државата како „монета за поткусурување“ во корист на Вучиќ и Додик

Ivon Veli.jpg

Ивон Величковски во својата објава на Фејсбук предупредува на сериозната дестабилизација на позицијата на Северна Македонија на меѓународната сцена, предизвикана од актуелната влада. Според Величковски, „Случајот Рамадани“ е симбол на партизирање на судството и извршувањето на санкциите, процес кој само во неколку месеци драматично го наруши владеењето на правото.

Величковски истакнува дека преку соработката на ВЛЕН со косовскиот премиер Албин Курти и сестринската соработка на ВМРО-ДПМНЕ со српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан, Северна Македонија се сведува на подизведувач на оска што ги поврзува Будимпешта, Бањалука и Белград. „Со тоа, земјата е понудена како компензација во преговорите меѓу Белград и Приштина, а-ла ВМРО-ДПМНЕ/ВЛЕН,“ пишува Величковски.

Тој го осудува фактот дека оваа нова улога на Северна Македонија ја вбројува земјата во редот на „монети за поткусурување“ во корист на Вучиќ и Милорад Додик. Величковски го поврзува ова со пошироката стратегија на „српскиот свет“, како балкански продолжеток на руската геополитичка агенда.

Величковски исто така забележува дека оваа операција нема за цел помирување меѓу народите преку евроинтеграциите, туку напротив, напуштање на принципот „нема решавање на етнички прашања со промена на границите“, што го подрива европската и американската безбедносна архитектура во регионот.

Величковски предупредува дека оваа ситуација може да има сериозни последици за македонскиот народ. Според него, политичките лидери како Арбен Таравари, Биљал Касами и Африм Гаши веќе се дистанцираат од позициите од 2022 година кои поддржуваа граѓанска еднаквост и европска интеграција на земјата.

„Најдобар начин за саботирање на преговарачката рамка со ЕУ е ВМРО-ДПМНЕ да го одложи процесот преку репреговарање, овозможувајќи нови услови од Софија, Атина и Брисел,“ предупредува Величковски, додавајќи дека улогата на ВЛЕН во 2024 година е да биде албанофонско покритие на југо-македонистичкото национално единство.

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности