Утрински Весник
Македонија

Велешанец се обидел да убие жена во полициска станица

Велешанец се обидел да убие жена во полициска станица

Обвинителството отвори истрага против 26-годишен велешанец, осомничен за обид за убиство врз жена која сведочела за настан во кој тој бил вмешан.

dobivaj vesti na viber

Мажот се обидел да ја убие во полициската станица во Велес, каде таа била повикана како сведок за настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека.

„Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната. Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот“, информираа од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​.

Можете да прочитате

Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2500 производи

Санкции за правно и физичко лице поради неправилности при вршење јавен превоз со товарно возило

Средба на министерот Муцунски со индискиот колега Џаишанкар