Утрински Весник
Свет

Веганите се подобри во сексот, тврди Памела Андерсон

Веганите се подобри во сексот, тврди Памела Андерсон
Img 5587

Холивудската глумица Памела Андерсон, која е веган веќе 30 години и се бори за правата на животните, во емисијата „Добро утро Велика Британија“ рече дека верува дека луѓето што не јадат месо се многу подобри во сексот.

dobivaj vesti na viber

„Веганството дефинитивно влијае позитивно на сексуалниот живот. Сум го слушнала ова многу пати од други луѓе, и јас сум веган, па затоа апсолутно се согласувам со таа изјава. Но, исто така мислам дека отсекогаш сум се забавувала многу добро во креветот, затоа што уживам во сексот“, изјави поранешната плејбој зајачица.

Img 5587

„Холестеролот во месото, јајцата и млечните производи предизвикуваат затнување на артериите, го забавуваат протокот на крв во сите органи, не само во срцето. Веганството може да го подобри целокупното здравје и да ја зголеми сексуалната издржливост“, додала 55-годишната глумица.

Ss1

Можете да прочитате

Блинкен му повторил на Нетанјаху дека САД се уште се против воена операција во Рафах

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум